Мислења Приказни За нас Вклученост
Регистрирај се
None
За нас U-Report е алатка што им овозможува на корисниците да го споделат своето мислење и да одговараат на прашања поврзани со различни теми што се од важност за заедницата, а особено за младите. Со споделување информации и ставови, корисниците можат активно да придонесат за позитивни промени во заедница, но и редовно да добиваат корисни информации. За да станете U-Reporter треба да се регистрирате преку Viber каналот. Главните принципи на U-Report се анонимност и заштита на податоци. Податоците што ги добиваме се обработуваат веднаш и се прикажуваат на веб страната. Индивидуалните пораки се целосно анонимни, а на веб страната податоците се собираат по возраст, пол, регион и етничка припадност. Податоците се прикажани во форма на инфографици кои се јасни и разбирливи за сите корисници. Целта на U-Report е да послужи како средство за размена на информации и собирање податоци во реално време. Податоците можат да им помогнат на владините институции, невладините и меѓународните организации, медиумите и други партнери во процесот на креирање стратегии, политики и услуги засновани на реални потреби, како и за следење на напредокот во остварување на стратегиските развојни цели и остварувањето на детските права. Поради моменталните ограничувања на платформата, податоците на веб страната се достапни само на македонски јазик. Работиме што поскоро да обезбедиме и верзија на албански јазик. U-Report во Северна Македонија е имплементиран од канцеларијата на УНИЦЕФ. Обработка на податоци УНИЦЕФ ви гарантира целосна дискреција и ја почитува вашата приватност и вашиот личен идентитет согласно законските регулативи. Сите податоци што можат на каков било начин да се поврзат со вашата личност ќе бидат третирани во полна согласност со Законот за заштита на лични податоци и во ниеден момент нема да бидат поврзани со вашите одговори во резултатите од истражувањето. Сите податоци од вашите одговори што понатаму ќе бидат проследени ќе бидат во форма на групни наоди и потполно анонимни (без какви било лични имиња и детали што можат на каков било начин да бидат поврзани со вас), а истите ќе се користат исклучиво за целите на проектот за кој што се собираат. Сите ваши податоци ќе се чуваат согласно правилата и законите за приватност. Согласно Законот за заштита на лични податоци, малолетно лице кое има најмалку 14 години може да даде согласност за обработка на своите лични податоци за една или повеќе конкретни цели во врска со директно користење на услугите од информатичко општество. Ако детето е на возраст под 14 години, таквата обработка е законска само ако и доколку согласноста е дадена или дозволена од законскиот застапник на детето.
Погледнете како го вклучуваме гласот на младите за позитивна социјална промена.
ИСТРАЖИ