Мислења Приказни За нас Вклученост Reports
Регистрирај се
Придружи се на U-Report, твоето мислење е важно
STORY
Стани U-репортер и сподели го твоето мислење за креирањето на новата Национална стратегија за млади

На 17-ти октомври започна креирањето на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година во Република Северна Македонија. Оваа стратегија треба да ги опфати сите битни младински прашања и предизвици за младите на возраст од 15-29 години.

Носител на овој процес ќе биде Агенцијата за млади и спорт заедно со сите млади, претставници на младински организации младинските здруженија и здруженијата за млади, чадор организациите, како и на претставничките форми на младите на локално ниво, односно на локалните младински совети.

U-Report ќе биде дополнителна алатка во консултативниот процес со младите со цел да се слушне гласот на младите во областите од интерес за стратегијата:

-        Младинско учество

-        Младинско информирање

-        Младинска работа

-        Образование

-        Култура

-        Здравје

-        Претприемништво и поддршка пред вработување

-        Безбедност

 

Стани U-репортер и сподели го твоето мислење за Националната стратегија за млади, но и за многу други теми:

 

  1. Скенирај го QR кодот или пребарај UReport MK на твојата Вибер апликација
  2. Испрати порака СТАРТ и одговори на неколку прашања за себе
  3. По успешната регистрација, учествувај во тековниот прашалник и следи ги резултатите на https://mk.ureport.in/
Погледнете како го вклучуваме гласот на младите за позитивна социјална промена.
ИСТРАЖИ
UNICEF logo