На 17-ти октомври започна
креирањето на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година во
Република Северна Македонија. Оваа стратегија треба да ги опфати сите битни
младински прашања и предизвици за младите на возраст од 15-29 години.
Носител на овој процес ќе
биде Агенцијата за млади и спорт заедно со сите млади, претставници на
младински организации младинските
здруженија и здруженијата за млади, чадор организациите, како и на
претставничките форми на младите на локално ниво, односно на локалните
младински совети.
U-Report ќе биде дополнителна алатка во консултативниот
процес со младите со цел да се слушне гласот на младите во областите од интерес
за стратегијата:
-
Младинско учество
-
Младинско информирање
-
Младинска работа
-
Образование
-
Култура
-
Здравје
-
Претприемништво и поддршка пред вработување
-
Безбедност
Стани U-репортер и сподели го твоето
мислење за Националната стратегија за млади, но и за многу други теми:
- Скенирај
го QR кодот или пребарај UReport MK на твојата Вибер апликација
- Испрати
порака СТАРТ и одговори на неколку прашања за себе
- По успешната регистрација, учествувај во тековниот прашалник и следи ги резултатите на https://mk.ureport.in/