Како дел од процесот на подготовка на Националната стратегија за млади 2023-2027, Агенцијата за млади и спорт подготви прашалник, наменет за вклучување на младите во овој процес. Целта на овој прашалник е младите да може да ги одразат проблемите и предизвиците со кои се соочуват и да ги споделат своите визии за тоа какви младински политики треба да се носат во следните пет години.
Младите имаат шанса да го дадат својот одговор во повеќе
тематски области, и тоа:
- - Образование
- - Младинска работа
- - Младинско учество
- - Култура
- - Безбедност (ненасилство)
- - Младинско информирање
- - Здравје
- - Претприемништво и поддршка пред вработување
Повеќе информации за начинот на учество и пополнување
на прашалникот можеш да најдеш на http://bit.ly/3OBBL9f.