Мислења Приказни За нас Вклученост Reports
Регистрирај се
Придружи се на U-Report, твоето мислење е важно
STORY
Вклучи се во креирањето на новата Национална стратегија за млади 2023-2027

Како дел од процесот на подготовка на Националната стратегија за млади 2023-2027, Агенцијата за млади и спорт подготви прашалник, наменет за вклучување на младите во овој процес. Целта на овој прашалник е младите да може да ги одразат проблемите и предизвиците со кои се соочуват и да ги споделат своите визии за тоа какви младински политики треба да се носат во следните пет години.


Младите имаат шанса да го дадат својот одговор во повеќе тематски области, и тоа:

-        - Образование

-      -   Младинска работа

-       -  Младинско учество

-       - Култура

-      -  Безбедност (ненасилство)

-     -   Младинско информирање

-     -   Здравје

-    -    Претприемништво и поддршка пред вработување

 

Повеќе информации за начинот на учество и пополнување на прашалникот можеш да најдеш на http://bit.ly/3OBBL9f 

Погледнете како го вклучуваме гласот на младите за позитивна социјална промена.
ИСТРАЖИ
UNICEF logo