Мислења Приказни За нас Вклученост Reports
Регистрирај се
Придружи се на U-Report, твоето мислење е важно
STORY
Агенцијата за млади и спорт продолжува со активности за подготовка на новата Национална стратегија за млади 2023-2027

Во месеците ноември и декември 2022 се реализираа неколку настани со младите за подготовка на Националната стратегија за млади 2023-2027. Сега се подготвува Нацрт-верзијата на оваа стратегија, и овој процес на консултации со младите ќе продолжи на локално ниво каде ќе се реализираат средби со младите во осумте плански региони во земјата. Во март 2023 година ќе започне овој процес на консултации со младите и другите чинители на локално и регионално ниво преку организирање осум настани во сите осум плански региони, со следниот распоред:

1. Штип – 03.03.2023 ( петок)
2. Битола – 03.03.2023 (петок)
3. Велес – 07.03.2023 (вторник)
4. Куманово – 09.03.2023 (четврток)
5. Струга – 09.03.2023 (четврток)
6. Гостивар – 10.03.2023 (петок)
7. Струмица – 10.03.2023 (петок)
8. Делчево – 13.03.2023 ( понеделник)


Повеќе за процесот на подготовка на Националната стратегија за млади 2023-2027, можеш да прочиташ на овој линк. 


U-Report претставува дополнителна алатка преку која се спроведува консултацијата со младите во процесот на подготовка на оваа стратегија. Во текот на месец декември преку U-Report се спроведе краток прашалник, а добиените резултати можеш да ги видиш на https://mk.ureport.in/opinion/3201/.

Во наредниот период ќе следуваат уште консултативни прашалници преку U-Report. Биди дел од креирањето на најбитниот стратешки документ за млади во земјата и стани U-Reporter. Побарај UReport MK на твојата Вибер апликација или пристапи преку следниот линк: https://chats.viber.com/ureportmk.


Учествувај и биди гласен! 💪 


 

Погледнете како го вклучуваме гласот на младите за позитивна социјална промена.
ИСТРАЖИ
UNICEF logo